Во најновата студија на Riverwatch, Euronatur и CEE Bankwatch Network идентификувани се 72 проекти кои се планирани или се оперативни во заштитени природни подрачја, во Македонија, а најголем дел од нив се финансирани од ЕБОР и ЕИБ или со пари од Италија, Австрија и од Германија.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е најголем финансиер на хидроенергетски проекти во заштитени подрачја во Македонија, според новата студија промовирана деновиве од страна на Riverwatch, Euronatur и CEE Bankwatch Network.